ВОНРЕДНА ВЕСТ Голема полициска акција низ Македонија – се апсат полицајци

Голема полициска акција доцна синоќа низ Македонија.

Според информациите, акциите се во Струмица и Гевгелија.

ТВ21 од свои извори дознава дека уапсени се 35 цариници и полицајци.

Апсењата се поради несовесно работење во службата, како и земање на мито.

Акцијата се спроведува во координација со Специјализирано јавно обвинителство, кое е надлежно за гонење на кривични дела, вклучително и оние извршени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција.

Од Министерството за внатрешни работи и од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција најавуваат повеќе детали во текот на денешниот ден.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде