Летале предмети на сите страни: Масовна тепачка помеѓу две семејства, дел завршиле со тешки повреди

Штипската полиција поднесе кривична пријава против 12 луѓе поради насилство.

Инцидентот се случил на 12 јули, кога членови на две семејства физички се пресметале, нарушувајќи го јавниот ред и мир.

Пријавените, од кои некои се обвинети за насилство во група, користеле различни предмети за време на конфликтот, што довело до тешки телесни повреди кај некои од учесниците.

„СВР Штип поднесе кривична пријава против Ш.K., М.K., М.K., А.K., А.K., М.Ќ. и Џ.Д. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство” во група, и против М.Ќ., А.К, М.К, А.К., М.К., Е.Д., Џ.Д, Џ.Ј., М.К., А.Ј., Е.Д., Д.Ј., Џ.Ј. и Ѓ.Ј, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство” со последица тешка телесна повреда.

На 12.07.2024 во Штип, пријавените, членови на две семејства, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка во која употребиле и разни предмети“, велат од МВР.

Фото: Илустрација

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде