Славчо Попоски утрово најавува: Можно е да имаме снежна бајка – ЕВЕ КОГА

Славчо Попоски утрово сподели видео и најави дека многу наскоро може да ја очекуваме првата снежна бајка во Македонија.

„Ваква снежна бајка би можеле да имаме кон крајот на овој, и почетокот на ноември месец“, напиша Попоски и додаде:

И понатаму прогностичките материјали упорно го цртаат првиот, овој пат поранет зимски удар во голем дел од Европа, Балканот и во Македонија.

Во ваква ситуација голема е веројатноста и за појава на врнежи од снег на помала надморска височина.

Се работи за периодот од крајот на овој, и почетокот на месец ноември!, стои во објавата на Попоски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде