На 18.10 2024 година во 07.20 часот полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода С.М.(25) од Кочани затоа што при извршен преглед над неговото патничко возило марка „БМВ 3“ со кочански регистарски ознаки, како и во неговиот дом – биле пронајдени и одземени марихуана и гранчиња од марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 18.10.2024 година, во 09.00 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода П.К.(47) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и нож. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 18.10.2024 година во 13.00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 18.10.2024 година, во 14.50 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена дробилка со остатоци од марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 18.10.2024 година во 19.50 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 18.10.2024 година, во 21.20 часот во Скопје, на подрачјето на Драчево, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.Н.(19) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени таблети и нож. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветени поднесоци.
На 18.10.2024 година, во 21.25 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.А.(20) од село Визбегово, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 18.10.2024 година, во 22.45 часот во Скопје, на подрачјето на Драчево, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода Е.К.(19) од Скопје затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 18.10.2024 година, во 22.50 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода М.К.(28) и Д.Д.(28) двајцата од Скопје затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и дробилка. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 18.10.2024 година во 23.40 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.