Осумнаесетгодишниот пешак П.К. бил тешко повреден при сообраќајна несреќа на кеј „Македонија“ во Охрид во саботата.
СВР Охрид објави дека во 16.30 часот во саботата било пријавено дека во пешакот удрило патничко возило „ауди А3“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 19-годишниот А.Б. од Охрид.
Повредениот пешак бил префрлен во Специјалната болница „Св. Еразмо“, каде што биле констатирани тешки повреди.
При ударот било оштетено и паркирано патничко возило „Фолксваген транспортер“ со тетовски регистарски ознаки.