УХМР за денеска најави врнежи од дожд – еве во кои делови од Македонија

Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд претежно во јужниот дел од земјата.

Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20 степени.

Утрото студено понекаде со услови за слаба магла, преку денот променливо облачно со сончеви периоди особено во источниот дел. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде