Тамара Лападатовиќ (35) загина со своето момче Александар Јокановиќ (30) во страшна сообраќајна несреќа на Менхетен. Со моторот со голема брзина удриле во автомобил и загинале на лице место.
Србинката Тамара Лападатовиќ (35), која загина во сообраќајна несреќа што се случи на 13 октомври во Њујорк, ќе биде погребана утре, 21. Октомври, на гробиштата во Кладово.
„Ги известуваме роднините и пријателите дека нашата драга Тамара Лападатовиќ почина на 13 октомври на 35-годишна возраст.
Погребот ќе се изврши на 21 октомври со почеток во 14 часот на гробиштата во Кладово – се вели во објавата што ја споделија нејзините роднини на социјалните мрежи.
Да потсетиме, Тамара Лападатовиќ (35) загина со своето момче Александар Јокановиќ (30) во страшна сообраќајна несреќа на Менхетен.