Според прогностичките материјали со кои располагам од утринава, веќе двата најажурни модели, и тоа Европскиот (ECMWF) и Глобалниот (GFS) се согласуваат околу раното доаѓање на зимата на Балканот.
Имено, кон крајот на овој, и во почетокот на ноември месец се посигурна е голема промена на времето ширум Балканот,
како и спуштање на Поларниот вртлог кој ќе донесе многу ниски температури за овој период од годината, па дури и снег како на повисоките места и на планините, така и понекаде во градовите.
Не се исклучува можноста кон крајот на овој, и во почетокот на ноември месец на многу места низ Балканот да има вистинска снежна идила.
Да не заборавиме, сето тоа е поради се поголемото влијаение на Ла Ниња, која носи многу постудено време, повеќе врнежи од дожд и снег.
До крајот на оваа година Ла Ниња ќе го достигне својот максимум, па така претстојната зима сите ние очекуваме да го оправда своето име и да биде многу постудена и поснежна, поради тоа што претстојната зима како што и претходно кажав, ќе биде Ла Ниња зима.