Македонскиот поп-пејач Влатко Лозаноски-Лозано стана татко, пренесоа повеќе портали повикувајќи се на извори блиски до семејството.
Како што се наведува во објавите, Лозано и неговата избраничка, која сѐ уште не ѝ е позната на јавноста, во петокот добиле син кој се вика Марко.
Лозаноски не зборува многу во јавноста за приватниот живот, а во едно интервју само кусо кажа дека има партнерка.
Редакцијата на Директен на семејството Лозаноски им ја честита приновата.