Владејачкото мнозинство во Собранието предводено од ВМРО-ДПМНЕ нема да ги поддржи предложените измени на Законот за минимална плата кои ги предлага пратеничката група на СДСМ.
Образложувајќи зошто нема да ги поддржат законските измени, меѓу другото, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Венко Филипче и неговата партија го предложиле постојното законско решение, според кое, усогласувањето на минималната плата е во март.
„Како и тоа дека има фундаментална грешка, при што го отворам прашањето кој внатре во СДСМ го мести Филипче. Бројката на покачување на минималната плата, како што кажа тој, е 12,3 проценти.
Сегашната минимална плата изнесува 22 567 денари и ако додадете 12 проценти ново покачување, платата би била 25 342 денари,
а никако 27 700 денари коешто, ако одиме по математиката и тоа што треба да значи егзактна наука којашто е постулат на економијата, би било покачување од 22,74 проценти“,изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.