Замрзнати вработувањата во администрација

Објавувањето на нови огласи за вработување во јавната администрација ќе биде замрзнато до почетокот на декември- од раководството на агенцијата за администрација за Сител велат дека до

тогаш би требало да биде готов новиот софтвер со кој во апликациите за вработување нема да стои графата за национална припадност, па после тоа веќе ќе може да се пуштаат нови огласи за вработување на административци.

Во моментов фирмата што го одржува и надградува софтверот нема активен договор, па од агенцијата за администрација чекаат одобрување од бирото за јавни набавки да влезат во прегори со фирмата, но агенцијата се оптимисти дека за 30 до 40 дена од сега ќе биде готов новиот софтвер.

До тогаш нема да има огласи за вработување во јавната администрација, освен оние кои биле пред одлуката на Уставниот суд за укинување на балансерот, односно според агенцијата за администрација станува збор за 15тина огласи.

Целиот прилог погледнете го ТУКА

Извор: Сител телевизија

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде