Нема да ви се верува: Погледнете колку изнесува просечната плата во Македонија

Според податоците на ДЗС, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2024 година, во однос на август 2023 година, изнесува 112.9.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите:

образование (18,9%), уметност, забава и рекреација (18,8%) и јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (17%).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите:

уметност, забава и рекреација (5,3%), земјоделство, шумарство и рибарство (4,2%) и објекти за сместување и сервисни дејности со храна (3,2%).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август 2024 година, изнесува 41.097 денари, додека просечната бруто-плата за истиот месец изнесува 61.806 денари.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде