Претседателката Гордана Силјановска Давкова го помилуваше поранешниот градоначалник на општина Битола Владимир Талески, дознава ТВ21.
Тој беше во затвор по пресуда за случајот „Транспортер“ и требаше да одлежи уште една година.
Во 2022 година Апелациониот суд донесе правосилна пресуда за случајот во кој Талески беше осуден на седум години затвор за Злоупотреба на службената положба и овластувања во организирањето на бесплатниот школски превоз, но бидејќи во куќен притвор помина три години, за одлежување во затвор му останаа уште четири.
Во овој случај имаше и конфискација на нелегално стекнати пари, во износ од над пола милион евра.
Неговиот некогашен соработник од Општина Битола, секретарот Слободан Бончановски, за истото кривично дело беше осуден на 5 години и шест месеци затвор.