Пејачот Владо Георгиев со тажна и емотивна објава се прости од својата мајка која почина.
Георгиев преку социјалната мрежата Икс ja објави веста за смртта на неговата мајка и сподели трогателни зборови.
„Синоќа си замина мајка ми и мојата сила, мојата неразмазеност, мојата критика и мојот судија, мојата поддршка, мојата единствена мајка Борка.
Збогум мајко и нека те чуваат ангелите… Вечно царство небесно за тебе.
Ќе памтам сѐ што ми кажа и колку нѐ сакаше, иако се претставуваше како строга учителка, беше прекрасна и благородна душа… збогум Боки моја… збогум мила моја“, напиша Георгиев.