Синоптичарите утрово со најнова прогноза: Еве какво време не очекува денеска и во следните денови

По студеното утро, денеска нè очекува сончево време со мала локална облачност.

Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во текот на денот ќе дува слаб ветер, главно од југоисточен правец, а утрото ќе биде магливо по одредени котлини и речни долини.

Минималните температури ќе се движат во интервал од -3 до 5 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 17 до 25 степени.

Утрото во Скопје ќе биде студено и магливо во делови од котлината. Преку денот претежно сончево со температури во интервал од 2 до 23 степени.

Слично време УХМР најавува и за следните денови.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде