Ужасна вест го потресе регионот: Убиени брат и сестра, убиецот во бегство

Две лица, за кои се вели дека се брат и сестра, се убиени во црногорското село Соколац, во близина на Бело Поље. 

Од МВР на Црна Гора наведуваат дека сторителот на делото е во бегство. Според неофицијални информации од МВР на Црна Гора, сторителот на двојното убиство е повторник при извршување на кривични дела.

– Сите расположливи полициски единици на Регионалниот центар за безбедност „Север“, единиците за контратероризам, полициските кучиња и хеликоптерската единица на МВР и Армијата на Црна Гора се ставени на располагање и преземаат интензивни активности за лоцирање и лишување од слобода на ова лице – соопштуваат од МВР Црна Гора.

Во вестите се наведува дека жртвите се брат и сестра на возраст од околу 50 години.

Полицијата апелира до граѓаните на Бело Поље, а особено до жителите на село Соколац да останат дома и да не пуштаат непознати лица во домовите додека трае потрагата.

Исто така, полицијата ги повика граѓаните да пријават било какви информации потенцијално поврзани со кривичното дело.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде