Куќа кај Бит-пазар и два автомобила вчеравечер биле оштетени од куршуми, соопшти полицијата, без да наведе дали се работи за залутани проектили или некој свесно пукал кон куќата и колите.
„На 27.10.2024 во 22.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Бит-пазар од огнено оружје биле оштетени прозорци од куќа и две патнички возила „фолксваген артеон” и „фолксваген пасат”, двете со скопски регистарски ознаки,
во сопственост на А.С.(40) од Скопје, а исто така биле оштетени и прозорци од соседната куќа, во сопственост на Џ.Л.(35). Повредени нема“, велат од МВР.
„Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и од местото на настанот подигнати се чаури и предадени за понатамошна постапка“, додава полицијата, заедно со информацијата дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.