Трагедија: Се судрија трактор и „сеат“, едно лице загина

Претпладнево во селото Баница, кај Струмица, на локалниот пат Струмица-Баница-Вељуса во тешка сообраќајна несреќа загина тракторист, а негов сопатник е повреден.

Од СВР Струмица информираа дека „денеска околу 09:45 часот се случила сообраќајната несреќа меѓу патничко возило „Сеат“ со струмички регистарски таблички управувано од Л.Р. (72) од село Вељуса и трактор „ИМТ 539“, управуван од починатиот Д.С. (43) од село Баница“.

-Од здобиените повреди во несреќата починал возачот на тракторот, а смртта ја констатирал лекар во Медицински центар Струмица, додека со телесни повреди се здобил сопатникот на тракторот К.С..

Увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и екипа на Полициската станица Струмица, информираше портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција, а во расчистувањето на последиците од сообраќајната несреќа учествувала и екипа на ТППЕ Струмица.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде