Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.
Преку денот сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени.
Во Скопје наутро со услови за слаба магла, а преку денот сончево со умерена облачност.
Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 24 степени.
Во следните два дена ќе има зголемена облачност со слаб локален дожд во среда. Потоа продолжува периодот на стабилно и суво време со пониски дневни температури.