Лидерката на Либерално-демократската партија и пратеничка, Моника Зајкова, се повлекува од коалицијата со СДСМ, дознава ТВ21 од партиски извори.
Иако досега таа изјавуваше дека ЛДП ќе остане во коалиција со СДСМ, Зајкова истакна дека пратеничката група ќе гласа независно во Собранието.
Засега не е познато дали ЛДП и Зајкова ќе се приклучат на новата владејачка коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ.
Овој потег остава простор за политички маневри и можни сојузи, што би можело значително да ја промени динамиката во македонската политичка сцена.
Тоа значи дека СДСМ ќе загуби пратеник и ќе има само 17 пратеници.