Тери Гар, која беше номинирана за Оскар за улогата во филмот „Тутси“ и ѕвезда од култната серија „Пријатели“, почина на 79-годишна возраст.
Актерката е позната и по улогите во „Младиот Франкенштајн’, „Блиски средби од трет вид“ и како мајка на Фиби во легендарниот ситком.
Тери почина во вторникот во Лос Анџелес по долга борба со мултиплекс склероза (МС).
Талентираната ѕвезда во 2002 година откри дека и е дијагностицирана хронична болест која го оштетува централниот нервен систем (ЦНС).