ВИДЕО: Страшно невреме беснее во делови од Европа – има загинати

Големи поплави предизвикани од поројни дождови вчера ја зафатија источна Шпанија, особено регионот Валенсија. Поплавени се мостови, патишта, неколку лица се водат за исчезнати, а според шпанските медиуми, има и загинати.

Првиот човек на регионот Валенсија, Карлос Мазон денеска потврди дека службите за итна помош ги пронашле мртвите тела, но дека дополнителни информации ќе дадат во текот на денот.

Во Андалузија, пак, поради обилните долдови воз излета од шините, но не се пријавени повредени.

Државната метеоролошка агенција прогласи црвен аларм во регионот на Валенсија и второ највисоко ниво на тревога во делови од Андалузија.

Голем дел од патиштата во овие региони се затворени поради поплавите.

Граѓаните, пак, се предупредуваат да останат дома и да ги избегнат патувањата во поплавените региони.

Интензивните дождови, како што пренесува Гардијан, се препишуваат на феноменот познат како „ладна капка“, што се јавува кога студениот воздух поминува над топлите води на Средоземното море. Оваа состојба создава атмосферска нестабилност, што доведува до обилни дождови.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде