Трагедија каква регионот не памети:  Браќа и сестри предизвикаа пожар во кој изгоре едномесечно бебе

Едномесечно бебе изгоре до смрт во пожар што го подметнаа нејзините браќа и сестри. Трагедијата се случила утрово во регионот Констанца во Романија.

Пожарникарите околу 10:15 часот добиле повик дека гори стан во зграда во регионот Олтеа и веднаш излегле на местото на настанот. За жал, кога го изгаснале пожарот, го пронашле безживотното тело на бебето.

Во моментот на пожарот во станот имало уште четири деца. Според медиумите, мајката отишла во продавница, а таткото бил на работа.

Децата го искористиле моментот кога биле сами и почнале да си играат со оган предизвикувајќи пожар.

Од сигурна смрт ги спасил нивниот сосед, ученик во 8-мо одделение. За жал, таа не успеала да го извлече бебето од станот. Не е познато колку години имаат спасените деца.

Во тек е истрага.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде