Сообраќајната несреќа се случила вчера попладне околу 17 часот.
„На магистрален пат Куманово – Крива Паланка се случила сообраќајна незгода кога возило “пасат” со српски регистарски ознаки управувано од В.Б.(47) од Република Србија удрило во пешак Б.Д.(64) од село Облавце.
Во незгодата пешакот загинал на лице место, а увид извршила екипа од СВР Куманово“, соопшти МВР.
Од станицата за Итна помош во Куманово информираат дека во 17.15 часот во нас.Карпош биле на интервенција на сообраќајната незгода на магистралниот пат.
Пред неполн месец, поточно на 3 октомври околу 21.30 часот на истото место малолетник загина, а 16-годишниот возач се здоби со сериозни повреди додека се возеле на мотоцикл „јамаха“.
Извор: newz24live.com