29-годишна девојка е убиеното лице во Штип, познат нејзиниот индетитет

Вечерва во Штип е убиена 29-годишна жена. Убиството се случило во населбата Суитлак.

Полициски службеници и дежурен јавен обвинител се на терен.

ММС побара детали од ОЈО, од каде ни рекоа:

-Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип врши увид на лице место каде според првичните информации, во близина на сопствениот дом била лишена од живот една 29-годишна жена.

Едно лице е задржано во полициска станица. Се прибираат траги од лице место кои ќе бидат предмет на вештачење со цел утврдување на околностите, информираа од ОЈО за ММС.

Од МВР, пак, информираат дека девојката ја убил нејзиниот дечко, кој по убиството сам се пријавил во полиција.

Вечерва околу 20.15 часот во ПС Штип дошол Ф.З. (25) од Штип и пријавил дека ја убил неговата партнерка Е.П. од Штип и посочил дека телото се наоѓа во објект во Штип.

Од страна на полициски службеници телото е пронајдено. Во тек е увид на местото на настанот во присуство на дежурен јавен обвинител, информираат од МВР.

Извор: ММС

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде