Седумдесет и едногодишен маж загина во сообраќајна незгода што се случи вчера на улицата 8 Септември во Битола.
Несреќата се случила помеѓу автомобил „шкода” со битолски регистарски ознаки, управувано од К.П.(71) од Битола и
патничко моторно возило „форд” со битолски регистарски ознаки, управувано од Љ.П.(60) од Битола.
„Возачот К.П. починал, а смрт констатирал доктор од Клиничка болница Битола“, велат од МВР.