Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се обрати на јавноста по трагичниот настан во Нови Сад, каде што дел од зградата на Железничката станица се урна, при што загинаа 14 лица.
„Нѐ погоди голема трагедија. На главната железничка станица во Нови Сад, настрешницата се урна врз многу луѓе. Сè уште не успеавме да ги утврдиме идентитетите на пет лица, осум од загинатите се српски државјани, а едно лице е од Македонија.
Во име на сите граѓани, изразувам сочувство до семејствата и роднините. Мораме да се обединиме и да им помогнеме на семејствата на жртвите, да направиме сè за да ја минимизираме штетата и да им помогнеме на оние кои ги загубија своите најблиски,“ изјави претседателот.
Васко Саздовски е загинатиот Македонец во страшната несреќа на Железничката станица во Нови Сад.
Се очекува Министерството за надворешни работи на Македонија во текот на утрешниот ден да соопшти повеќе детали.
Тамошните медиуми објавија список на идентификуваните лица:
Васко Саздовски од Македонија (засега возраста и местото на живеење се непознати)
Анѓела Руман (20) од Стара Пазова
Сања Арбутина Ќириќ (35) од Каќ
Стефан Хрка (27) од Белград
Милош Милосављевиќ (21) од Книќанин (Зрењанин)
Ѓуро Швоња (77) од Степановиќево
Вукашин Раковиќ (69) од Буковац
Идентификацијата на останатите загинати лица продолжува.
Извор: novosti.rs