Трагична вест: Почина едниот од повредените во денешното пукање во Арачиново

Едно од двете повредени лица во денешниот оружен инцидент во селото Арачиново, е починато. Лицето им подлегнало на повредите откако е пренесено во Ургентниот центар на комплексот клиники „Мајка Тереза“.

На другото лице, што беше повредено во Арачиново, медицинските лица велат дека ќе му биде извршена хируршка интервенција.

„Во Клиничкиот центар ‘Мајка Тереза’ примени се двете повредени лица во оружениот инцедент што попладнето се случи во селото Арачиново. Еден од повредените починал, а кај другиот ќе биде извршена хируршка интервенција“,потврдија за МИА од Ургентниот центар.

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) вечерва потврдија дека во селото Арачиново имало оружен инцидент и дека во двајцата арачиновци било пукано од возило „ауди“ во кое имало две лица.

Според МВР, повредени биле С.А. и А.А. кои околу 19 часот биле пренесени во Ургентниот центар „Мајка Тереза“ за укажување на медицинска помош.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде