Македонија синоќа изгуби. Една прекрасна жена и двајца алтани останаа можеби без еден од најпрекрасните сопрузи и татковци.
Изгубија планините, останаа без голем заљубеник во ридовите, врвовите, камповите , изгуби тркачката дружина исклучителен пријател и спортист.
Изгуби Свети Николе, можеби најголемиот научник што некогаш се родил во градот. Македонија изгуби, еднаш кога дозволи таков мозок како Васко да си замине од тука. И синоќа повторно. Овој пат неповратно.
Ова е еден од постовите на Фејсбук во кој се опишува исклучителната личност на Васко Саздовски (45), Македонецот, кој вчера го загуви животот во несреќата во Нови Сад, пренесува ММС.мк
Негови блиски велат дека Васко бил човек, кој Македонија не знаеше да го почитува и препознае неговото знаење, па затоа заминал во Нови Сад да работи како професор во Институт за роботика и повремено доагал во Македонија. Бидејќи бил иноватор, Васко најблиските го викале „Васко научникот“.
По потекло бил од Свети Николе, но со сопругата и двете синчиња живеел во Скопје.
Извор: ММС.мк