Погребот на новинарот Зоран Василевски, познат како Зоки Фаци, ќе биде во недела, на гробиштата во Катланово.
Веста меѓу првите за смртта на Василевски ја објави неговиот голем пријател и колега Стефан Лазаров кој изрази сочувство до фамилијата и напиша дека Македонија изгубила новинар, пријател, човек кој знаел на сите да им помогне и на чија насмевка секогаш ќе ја памти.
Но покрај оваа тажна порака, Стефан се обрати и до едно непознато лице, кое наводно се познавало со Зоки, кое не сакаше да го именува, но изрази незадоволство што истото не изразило ниту сочувство за познатиот новинар ниту пак објавило било што за него.
„На крајот на овој ден сетете се дека постои лице на кое Зоки и го спаси животот и кое направи се за таа да се оперира, а таа не изрази ни сочувство до фамилијата!!!“, напиша Стефан на својот Инстаграм.