Силен земјотрес стресе делови од Македонија – еве каде е епицентарот

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека на територијата на Македонија попладнево почувствувани се два од регистрираните серија земјотреси со епицентри во Грција.

„Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот од 18 часот и 3 минути со Рихтерова локална магнитуда ML5.1 е почувствуван од населението во Гевгелија и Струмица со интензитет од III – IV степени според Европската макросеизмичка скала,

и во Велес и Скопје со интензитет од III степени според истата скала, а земјотресот од 18 часот и 6 минути со Рихтерова локална магнитуда ML3.8 е почувствуван од населението на Гевгелија, Струмица, Битола и Кавадарци со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала“,се вели во соопштението.

Најсилниот земјотрес попладнево беше во близина на Неа Мудања на првиот крак на Халкидики. Земјотресот беше почувствуван и во соседна Бугарија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде