Млада девојка е тешко повредена откако со возило излетала од коловоз во гевгелиско.
– На 03.11.2024 во 13.45 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на локален пат с.Стојаково – с.Богородица, гевгелиско, патничко возило „сеат“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Е.Д.(18) од село Стојаково, излетало од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.Д., констатирани во Медицински центар Гевгелија, информираа од полицијата.
Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Гевгелија.