Дете се здобило со сериозни повреди по каснување од куче во Кавадарци.
Оваа информација ја потврдиле за МИА од кавадаречката болница, од Обвинителството и од СВР Велес.
Според докторот Благој Митев, началник на хирургија во болницата, детето има сериозни повреди што не се за потценување.
– Станува збор за дете на околу шест години. Каснувањето беше завчера попладне, јас бев на работа кога го донесоа детето.
Имаше две рани на лицето, плус огреботини. Три рани на предниот дел од абдоменалниот ѕид, една од околу четири и две од по три сантиметри длабочина.
На бутната регија, две поголеми рани. На потколеница, 3-4 рани и други повреди. Изготвивме медицински извештај. Детето требаше да биде хоспитализирано, но родителите одбија од лични причини. Рекоа дека редовно ќе го носат на преврски – појасни докторот за МИА.