Тажна вест: Почина познатата македонска професорка

Вчеравечер, на 6 ноември 2024 година почина Наде Проева, историчарка, универитетска професорка од Институтот по историја на Филозофскиот факултет при УКИМ, експертка по античка историја.

Нејзина особена професионална специјалност беа Историјата на стариот век, и Историјата на античките Македонци, предмети што до пензионирањето им ги предавала на студентите по историја.

Професорката Проева важеше за бескомпромисно принципиелен научник, секогаш на страната на историската вистина и на историската правда.

Нејзините студенти ја паметат како професорка која целосно одговора на описот „строг, но правичен учител“.  

Нејзината книга „Историја на Аргеадите“ (2004) е прв учебник за историјата античките Македонци и  прв напишан учебник за студентите  на катедрата за Историја.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде