Силен земјотрес ја погоди Турција

Турција денеска беше погодена од земјотрес со јачина од пет степени според Рихтеровата скала.

Епицентарот на земјотресот бил во провинцијата Елазиг на длабочина од 16 километри.

Засега нема извештаи за повредени или материјална штета.

Министерот за внатрешни работи на Турција, Али Јерликаја, потврди дека земјотресот се случил и дека екипи на итните служби и надлежни институции почнале да го скенираат теренот:„Засега немаме негативни состојби.

На граѓаните погодени од земјотресот им даваме целосна поддршка.

Господ да ја заштити нашата земја и нашиот народ од катастрофи“, се наведува во соопштението.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде