На 63-годишна возраст по кратко боледување почина поранешниот функционер од редовите на ДУИ и пратеник, Тахир Хани.
Со длабока тага ве известуваме дека денеска по кратко боледување почина нашиот пријател Тахир Хани.
Погребот на починатиот ќе се изврши на 08.11.2024 година во 15:00 часот во с.Велешта“, соопшти ДУИ.
Тахир Хани во периодот 2006-2011 година беше пратеник во Собранието.
Од 2011 до 2013 година беше заменик министер за транспорт и врски. Во 2013 година стана министер за локална самоуправа.
Потоа продолжи со други активности во политиката, а на крајот беше заменик секретар на Владата.