Возач на 67 години од Скопје синоќа, во 19:25 часот, е приведен од тетовската полиција затоа што возел во спротивен правец на автопатската обиколница за Тетово.
-Полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово, го привеле В.Т.(67) од Скопје,
постапувајќи по претходна пријава дека тој со неговото патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски таблици, на автопатот Тетово-Скопје се движел во спротивен правец, од наплатна станица Тетово кон наплатна станица Желино, при што предизвикал општа опасност во сообраќајот.
Тој е задржан во полициска станица, информираше Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово.
По документирање на случајот против него ќе следуваат соодветни поднесоци.