Под влијание на постудена воздушна маса од север утре дневната температура ќе опадне за 5 до 7 степени.
Како што најавуваат од УХМР, потоа следува период на променливо облачно и постудено време со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини ќе има услови за провејување на слаб снег.
Метеорологот Славчо Попоски вели дека Ла Ниња и тоа како ја чувствуваме, таа се уште добива на интензитеет и својот максимум ќе го достигне на самиот крај на оваа година.
Не очекува една сосема поинаква зима од изминатите, со поголеми студови, повеќе снегови и јаки мразеви.
Не се исклучува можноста Зимата 2024/2025 да донесе поекстремни временски прилики, како што се снежно невреме и екстремно ниски температури на воздухот, можно е дури да го почувствуваме студот како во оние дамнешни зими од деведесетите години“, вели тој.