Во текот на ноќта, земјотрес го погодил југот на Италија, а според првичните информации,
јачината била 4,2 степени според Рихтеровата скала, јавија локалните медиуми.
Потресот се случил околу еден часот по полноќ.
Според информациите, земјотресот бил на длабочина од десет километри.
Засега нема информации за причинета материјална штета.