Две лица загинаа, а четворица се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случи синоќа во Хрватска на главниот пат меѓу Опузен и Раба.
Несреќата се случила околу 18 часот и 30 минути позади градот Подградина,
во кривината над кривината за каменоломот Главице, во правец кон Неум.
Во несреќата учествувале три возила.Слободна Далмација јавува дека меѓу повредените е и млад граничен полицаец, кој со хеликоптер итно бил префрлен во КБЦ Сплит.
Уште едно повредено лице е пренесено во сплитската болница. Третиот во општа болница Дубровник, а четвртиот во Мостар.
Според неофицијални информации, еден од загинатите бил од Трогир, а другиот од Каштела, а се возеле во автомобил со загрепски регистарски таблички.