ТАЖНА ВЕСТ: Почина познат македонски професор и доктор

Утрово почина д-р Владимир Мирчевски.

Мирчевски беше редовен професор на Медицинскиот факултет во Скопје и долгогодишен специјалист неврохирург, раководител на одделот за детска неврохирургија, соопшти Министерството за здравство.

Смртта на проф. Мирчевски е огромна загуба за целиот здравствен систем, земајќи ја предвид неговата професионалност, огромно искуство и печат во науката кои ги остави зад себе.

Тој беше специјалист на Лионската школа по неврохирургија, член на Американскиот конгрес на неврохирурзи, редовен професор на Медицинскиот факултет-Скопје.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде