Убава вест: Овие луѓе да си ги проверат сметките, власта почна со исплата

Започна етапната исплата на ученичките стипендии на сите корисници кои правото на стипендија го стекнале во некоја од изминатите учебни години,

а го продолжиле во тековната, информираа од Министерството за образование и наука (МОН).

Оттаму посочија дека сите постојни корисници на ученички стипендии ќе добијат средства за три месеци – септември, октомври и ноември до крајот на следната недела.

Се работи за 6.350 средношколци-стипендисти, на кои ќе им се исплатат вкупно 66 милиони денари.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде