Швајцарската полиција денеска пронашле мртва Французинка за која се претпоставува дека извршила страшно злосторство убивајќи си ги своите три деца.
Полицијата го пронашла нејзиното тело во нејзиниот автомобил ауди. Дебора Пел (45) била учителка во локалното училиште во Танингес пред да побегне по бруталното злосторство, пишува Дејли Мејл.
Децата ги пронашле нивните баба и дедо. Имаа само 2, 11 и 13 години. Убиствата се случиле во мало француско село на околу 16 километри од швајцарската граница.
По Пел трагале 60 полицајци со помош на хеликоптер. Таа имала двојно државјанство, па француската полиција веднаш побарала помош од швајцарската полиција.
Полицијата ги испрашувала членовите на семејството, но никој не знае што ја натерало мајката да направи вакво страшно злосторство. Таткото на најмладата жртва живеел со Пел пред да се случат убиствата. Полицијата се уште не го открива неговиот идентитет.
Иако не е познато зошто мајката си ги убила децата, локалните медиуми наведуваат дека таа боледувала од депресија. Пел била учителка во училиште во близина на Марназ. Пред тоа работела во друго училиште од кое била префрлена бидејќи родителите на децата се жалеле дека е премногу строга. Полицијата се уште не ја знае причината за смртта.