Најстудено утрово во Маврови Анови и Попова Шапка со нула степени, во Крушево и Лазарополе еден, Берово и Крива Паланка три степени, во Виница, Прилеп и Битола се измерени четири степени, пет во Штип, Тетово, Скопје-Зајчев Рид, Претор, шест Струмица, Велес, Демир Капија, Кавадарци, Скопје-Петровец, Охрид, Гевгелија.
– Утринава облачноста од запад започнува да се намалува, а во останатите делови е облачно. Понекаде и особено на југоистокот има појава на слаб повремен дожд и дува слаб променлив ветер, информираат од УХМР.
Времето денеска претежно облачно, по котлините претпладне ќе биде магливо, во југоисточните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од пет до 11 степени.
Во Скопје претежно облачно и тивко претпладне магливо и во делови од регионот со услови за појава на слаб локален дожд. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.
Времето утре претежно облачно, уште од ноќта, а потоа и преку денот со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (над 20 л/м2), а на планините со повремен снег. Ќе дува слаб до умерен, долж
Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, соопшти УХМР.
Во Скопје претежно облачно од преку ноќта и потоа преку денот со повремени врнежи од дожд,повремено пообилни.
Во петок и до сабота наутро ќе има врнежи од дожд кои на планините и на некои повисоки места особено во западните делови од земјата ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено изразен во петок.
Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно со пониски утрински температури.