Метео анализа на Славчо Попоски:
Соседна Србија, Косово, делови од Црна Гора, особено планинските места, и југот и југоистокот од Босна и Херцеговина од претстојната ноќ, како и утре (четврток) ќе бидат зафатени од првите пообилни снежни врнежи за оваа сезона.
Сето ова е поради висинскиот циклон кој се наоѓа над нашиот дел од Европскиот Континент, и истиот е поврзан со влажна и студена воздушна маса од север.
Овој бран на снежни врнежи ќе донесе снежна покривка во соседството од 5 до 10 cм, локално може и повеќе. Особено долж Јадранот проблеми ќе прави силната, повремено до олујна Бура (ветер).
Во овие рани вечерни часови во Македонија имаме претежно облачно и релативно студено време, но веќе од запад и југозапад ни се приближуваат најавените врнежи од дожд, а поради заладувањето на планините,
како и во некои повисоки населени места, особено во северната половина од државава врнежите од дожд ќе преминат во снег, со што ќе се формира снежна покривка.