Парите се исплатени, овие граѓани да си ги проверат сметките

Убава вест за скенирачите на фискални сметки, се исплатеше трудот од собирање и скенирање.

Од денеска започна исплатата на Мој ДДВ за третото тримесечје од годинава, па на сметките на дел од граѓаните легнаа парите од ДДВ.

Највисоката сума која може да се добие по овој основ, е 2.100 денари.

Како што беше практиката и досега, се очекува парите за сите оние кои што денеска ги немаат парите на своја сметка, а скенирале, да бидат исплатени до крајот на неделава.

Според податоците, сметки скенираат над половина милион македонски граѓани.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде