Страотни сцени од местото на несреќата – малолетник го управувал автомобилот „опел“

Вчера наутро во 08.40 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат  Битола-с.Бистрица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со битолски регистарски ознаки,

управувано од малолетник од с.Канино, битолско и товарно возило  „ман“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.В.(53) од Битола.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничката болница Битола.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

ФОТО: АПЛА.мк

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде