Две недели по катастрофалните поплави кои ја зафатија Валенсија, Малага сега е под црвен метеоаларм.
Евакуирани се три илјади жители.
Силниот дожд предизвика излевање на реките. Суспендирана е брзата железничка линија меѓу Малага и Мадрид, откажани се летови.
Покрај тоа, торнадото уништи бензинска пумпа во Мијас Коста.
Општини во Гранада ги активираа локалните планови за итни случаи и ги повикаа граѓаните да бидат внимателни.