Трагична вест ја потресе Македонија: Пронајдени тела на маж и жена откако се запалила викендичка

Тела на маж и жена утрово се пронајдени во куќа во селото Морани откако во неа избувнал пожар пренесува Курир. Случајот во полицијата бил пријавен околу 4 часот.

„Пријавено е дека во селото Морани, во викенд населбата гори куќа, сопственост на Р.Н. (66).

На лице место се упатени полициски службеници и екипа на Бригадата за противпожарна заштита.

Во куќата се пронајдени две тела, а по наредба на јавен обвинител, телата се предадени за обдукција.

Во 09.30 часот пожарот бил изгаснат“, информираат од МВР

Причината за пожарот допрва ќе се утврдува.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде