Експлозивна направа утрово експлодирала во скопската населба Ќерамидница.
„Денеска (14.11.2024) во 09.20 ч. во дворно место во населба Керамидница во Скопје била фрлена експлозивна направа.
Од експлозијата со повреди се здобил Р.Т., кој е пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“ за укажување на помош.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.